свет

ЕУ повика на прекин на огнот во Сирија поради епидемијата од Ковид-19

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Борел, ја потенцира потребата да се заштити примирјето во Идлиб и да се прошири на целата земја

Şerife Çetin  | 29.03.2020 - Обновена : 30.03.2020
ЕУ повика на прекин на огнот во Сирија поради епидемијата од Ковид-19

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) повика на итен прекин на огнот во Сирија, со оглед на епидемијата од новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писмената изјава од Канцеларијата на високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, се нагласува дека сегашниот прекин на огнот во Идлиб е кревок.

Во изјавата се потенцира потребата да се заштити примирјето во Идлиб и да се прошири на целата земја. А исто така се наведува дека во земјата конфликтот треба да заврши и поради Ковид-19.

Се наведува дека ЕУ исто така го поддржува повикот на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Геир О. Педерсен, за прекин на огнот и ослободување на голем број затвореници од страна на сирискиот режим.

„Денеска повикувам на целосен и итен прекин на огнот во цела Сирија, за да се направат напори за сузбивање на Ковид-19“, рече Педерсен, додавајќи дека Сиријците не се заштитени од Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.