Muhammed Ali Gürtaş
19 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
БРИСЕЛ (AA) – „Побарувачката за нови автомобили во првите осум месеци од оваа година во Европската Унија (ЕУ) порасна за 6,1 отсто во однос на истиот период минатата година“, соопшти Европската асоцијација на произведувачи на автомобили (ACEA), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во осуммесечниот период, во 28 земји на ЕУ регистирани се 10,8 милиони нови автомобили“, наведуваат од ACEA.
Гледајќи ги најголемите пазари, порастот е забележан во Шпанија (14,6 отсто), Франција (8,9) и Германија (6,4), а пад во Италија (0,1) и Велика Британија (4,2).
Најголеми дел од 25,1 отсто во продажбата на патнички автомобили на пазарот на ЕУ оствари VW-групата со своите брендови фолксваген, ауди, порше, сеад, шкода... Потоа следува PSA-групата (пежо, цитроен, опел) со 15,9 отсто и Рено групата (рено, нисан, дачиа) со 10,9.
Во цела 2017 година во ЕУ се продадени повеќе од 15 милиони патнички автомобили, што беше за 3,4 отсто во однос на 2016 година.