Ata Ufuk Şeker
15 Јуни 2023•Ажурирај: 19 Јуни 2023
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) подготвува пакет финансиска помош во вредност од 72 милијарди долари за Украина во периодот од 2024 до 2027 година, пренесува Анадолу.
Според веста објавена на интернет-страницата на „Politico“, Европската комисија започнала со подготовка на нов пакет помош за Украина.
Во рамки на овој пакет, во периодот од 2024 до 2027 година, годишно ќе се обезбедува фонд од 18 милијарди евра за Украина.
Оваа помош ќе се обезбеди преку специјален механизам што ќе се создаде во рамки на долгорочниот буџет на ЕУ, и ќе се состои од грантови и кредити.
Со оваа поддршка постои цел да се балансираат буџетските трошоци на Украина и да се придонесе во обновата на земјата.
Пакетот ќе содржи услови за различни области, како борбата против корупцијата и структурните реформи.
Поради војната, украинската економија минатата година се намали околу 30 отсто.
Светската банка предвидува дека обновата на Украина може да достигне вредност од 411 милијарди долари.
ЕУ претходно донесе одлука за обезбедување финансиска помош во вредност од 18 милијарди евра за Украина за 2023 година.