свет

ЕУ е против повторното враќање на Русија во Г7

„Причините за отстранувањето на Русија во 2014 година се уште валидни. Додадени се и нови причини, како што се руските провокации во Азовското Море“, изјави Туск

Şerife Çetin  | 24.08.2019 - Обновена : 25.08.2019
ЕУ е против повторното враќање на Русија во Г7

БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), Доналд Туск, пред Самитот Г7 во Франција изрази противење за повторното враќање на Русија во Г7, истакнувајќи дека „причините за отстранувањето на Русија во 2014 година се уште валидни, како и дека се додадени и нови причини, како што се руските провокации во Азовското Море", јавува Anadolu Agency (AA).

Туск во изјавата за медиумите пред Самитот на Г7 во Бијариц, во југозападниот дел на Франција, рече дека во период кога трговските војни меѓу земјите продолжуваат, Самитот ќе биде важен тест за „солидарноста и единството“.

Укажувајќи дека„ трговските војни носат економска рецесија“, Туск рече дека конфликтите во исто време ќе наштетат и на создавањето економска средина.

- „Русија не треба да биде поканета на Г7“

Туск за изјавата на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека Русија треба повторно да биде вратена во Г7 рече: „Причините за отстранувањето на Русија во 2014 година се уште валидни. Додадени се и нови причини, како што се руските провокации во Азовското Море“.

„Причините за повлекувањето на Русија од членството во 2014 година остануваат валидни“, рече Туск за забелешките на американскиот претседател, Доналд Трамп, за повторната покана на Русија на Самитот на Г7.

Оценувајќи дека Русија не продолжува по патот на „демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права“, Туск рече дека се обидуваат да ги убедат нивните соговорници следната година наместо Русија, на Самитот на Г7 да биде поканета Украина како гостин.

- „Одвојувањето без договор е неприфатливо“

Претседателот на Советот на ЕУ, Туск, рече дека утре ќе се сретне со британскиот премиер, Борис Џонсон, во рамките на Самитот на Г7 и истакна дека е отворен за секаков вид соработка и размена на мислења за Брегзит.

Истакнувајќи дека „одвојувањето без договор е неприфатливо“, Туск нагласи: „Единствено прашање за кое не сме отворени за соработка е одвојувањето без договор.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın