Mehmet Hatipoğlu
08 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
АТИНА (АА) - Гинтер Етингер, член на Европската комисија задолжен за буџет, истакна дека Преспанскиот договор е успех на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Етингер во изјава за грчката новинска агенција „АНА-МПА“, нагласи дека Ципрас одиграл голема улога во промената на името на Македонија. Според него, тоа што Грција ги ублажи односите со Северна Македонија е важно за иднината на балканските земји.
„Ципрас направи нешто историско. Преспанскиот договор е гаранција за длабоки и мировни односи. Затоа ние во Брисел викаме браво“, додаде Етингер.
Запрашан во врска со растот на екстремно десничарските партии во Европа, Етингер рече дека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кој е екстремен десничар, како и лидерот на партијата Северна лига (Lega Nord), Матео Салвини, не претставуваат закана.
Етингер истакна дека Орбан е свесен оти Европа е значајна за неговата земја, и дека никогаш нема да сака да ја напушти Унијата, додека Салвини, кој е популистички политичар, нема ниту една шанса во Италија, која се соочува со економски проблеми.