Cansu Dikme
28 Јули 2017•Ажурирај: 28 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) - Палестинското Министерство за здравство соопшти дека Палестинец, ранет во текот на интервенцијата на израелската полиција во окупираниот Источен Ерусалим, им подлегна на повредите, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинец им подглегна на повредите кои ги доби во судирите на израелските сили со верниците кои две недели по забраните, се обидоа да влезат во џамијата Ал Акса.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во денешните судири во и пред Ал Акса се ранети 126 Палестинци, од што околу 40 нив се ранети со гумени куршуми.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 21 лице е префрлено во болница во Ерусалим.
Десетици илјади луѓе почнаа денеска да влегуваат во комплексот на џамијата Ал-Акса.
По интензивните реакции на Палестинците, во овој град, во четврток, по попладневите часови, отворени се сите влезови од овој храм.
Ерусалим е свето место за муслиманите, евреите и христијаните, а џамијата Ал-Акса претставува трето најсвето местото на исламот во светот, по Мека и Медина во Саудиска Арабија.