Esat Fırat
28 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Група од 190 радикални Евреи со придружба на полицијата влегоа во комплексот на џамијата „Ал Акса“, сместена во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Фирас Дибс, портпарол на Управата за вакуфи во Ерусалим, соопшти дека израелската полиција го отворила влезот за Евреите на Ел Магарибе, во јужниот дел на „Ал Акса“.
Тој додаде дека во придружба на Евреите имало најмалку 20 полицајци.
Радикалните Евреи повремено со придружба на полицијата во утринските и попладневните часови влегуваат во „Ал Акса“.
Овие влегувања неретко ги подигаат тензиите на тоа подрачје и доведуваат до судири на Палестинците и израелската полиција.
Израелските сили од 2003 година воведуваат еврејски доселеници во комплексот на „Ал Акса“, а на муслиманите често им наметнуваат старосна граница за влез. Поради верувањата дека тука се наоѓаат остатоци од Соломоновиот храм, израелските власти вршат тајни ископувања под комплексот и со тоа ги загрозуваат историските објекти.
Комплексот на „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим (Кудс) кое е под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.