Ruslan Rehimov
16 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
БАКУ
Ерменската војска утринава изврши нови напади врз позициите на азербејџанската војска и гаѓаше населени места во пограничниот појас на Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменските сили рано утринава извршиле нови напади врз азербејџанскиот регион Товуз.
Во соопштението се наведува дека се гранатирани азербејџанските села Агдам, Донда Куксу и Вахитли, но дека никој од жителите не настрадал.
„Судирите во пограничниот регион и понатаму траат, а азербејџанската војска има контрола врз ситуацијата“, се наведува во соопштението.
Ерменската војска и во неделата изврши напади врз позициите на азербејџанската војска во Товуз. Во судирите загинаа четворица, а ранети се уште четворица азербејџански војници.
Во меѓувреме се продолжени тензиите со честа размена на оган во која животот го загубија седум азербејџански војници, вклучувајќи и еден бригаден генерал.