Ruslan Rehimov
23 Септември 2022•Ажурирај: 24 Септември 2022
БАКУ (АА) ‒ Министерството за одбрана на Азербејџан информира дека војниците на Ерменската армија отвориле оган врз азербејџанските позиции на границата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено од Министерството се наведува дека на 22 септември од 23:45 часот до денеска во 8:30 часот ерменските војници одвреме-навреме отворале оган врз азербејџанските позиции во населеното место Коханеби, во покраината Товуз, Кешдек и Бармагбине во покраината Келбеџар и населеното место Тезекенд во покраината Дашкесен.
Во соопштението се нагласува дека азербејџанските војници возвратиле на отворениот оган.