Ruslan Rehimov
01 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменските војниците отвориле оган врз азербејџанските позиции на границата во правец на регионите Келбаџар и Товуз, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството се нагласува дека азербејџанските позиции во Агдам во провинцијата Товуз и селото Зејлик во провинцијата Келбаџар биле под оган од ерменски војници од вечерните часови на 31 мај до раните утрински часови на 1 јуни.
Исто така, се нагласува дека Азербејџанската армија одговорила на нападите.