Ferdi Türkten
11 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
АНКАРА
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, во текот на кој разговарале за Нагорно-Карабах и за Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот за комуникаци на Претседателството на Турција наведено е дека во текот на разговорот станало збор за потпишувањето на договорот за прекинот на судирите во Нагорно-Карабах.
Ердоган во таа пригода рече дека синоќа е направен вистинскиот чекор на патот кон трајното решение на прашањето за Нахорно-Карабах.
Истакнувајќи дека оваа важна можност, за која значителен придонес дадоа Турција и Русија, не би требало да се пропусти, односно дека би требало да се искористи за праведен и траен мир и стабилност во регионот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека во овој момент најважното прашање е ерменското почитување на прекинот на огнот и обврските забележани во заедничката изјава.
Ердоган наведе дека Турција заедно со Русија ќе учествува во активностите на следењето на прекино на огнот на територијата ослободена од окупацијата на Ерменија, а во рамките на Заедничкиот центар чиј локалитет ќе го одреди Азербејџан. Во таа смисла, додаде Ердоган, важна одговорност има и руската страна.
Нагласи исто така, важноста на отворањето на коридорот помеѓу Азербејџан и Накхчиван и враќањето дома на Азербејџанците кои мораа да го напуштат Карабах поради ерменската окупација
Ердоган истака дека случајот Нагорно-Карабах ја потврдил важноста на соработката на Турција и Русија во решавањето на регионалните судири и кризи и дека истиот дух на соработката треба да се спроведува и за сириската криза, односно за да може да се воспостави сличен механизам.