Zafer Fatih Beyaz,Cüneyt Karadağ
19 Јануари 2020•Ажурирај: 19 Јануари 2020
БЕРЛИН (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по поканата на германската канцеларка Ангела Меркел, пристигна во германскиот главен град Берлин со цел да учествува на Самитот за Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на аеродромот „Тегел“ во Берлин беше пречекан од страна на генералниот директор за протокол при германското Министерство за надворешни работи, Конрад Арц фон Штраусенбург, шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, амбасадорот на Турција во Берлин, Али Кемал Ајдин, главниот конзул на Турција во Берлин, Олгун Јуџеќок, и од други претставници.
Заедно со Ердоган во Берлин пристигнаа и министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, шефот на Одделот за комуникација при турското Претседателство, Фахретин Алтун, шефот на турската национална разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан, како и специјалниот претставник на Турција за Либија, Емрулах Ишлер, кој воедно е и пратеник на АК Партијата од Анкара.