Zafer Fatih Beyaz
06 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
АНКАРА
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, преку видеоконференција разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Се вели дека двајцата лидери разговарале за односите помеѓу Турција и Германија и за односите помеѓу Турција и Европската Унија (ЕУ).
Според соопштеното, Ердоган и Меркел разговарале за настаните во Источниот Медитеран и Либија, како и за регионалните прашања, пред сè за прашањето во врска со Азербејџан и Ерменија.
Ердоган во разговорот нагласи дека декларацијата од Самитот на лидерите на ЕУ е лишена од елементите што ќе овозможат надминување на проблемите во меѓусебните односи, кои ќе создадат темел за дијалог и соработка.
Турскиот претседател нагласи дека покрај добронамерниот став на Турција, ЕУ се поклонила на притисоците и уцените на Грција и на грчката администрација во Северен Кипар, истакнувајќи дека големите интереси на Европа не треба да се жртвуваат за малите интереси на некои земјите членки на Унијата.
Ердоган рече дека треба да се спроведуваат резолуциите на ОН за постојано решение на проблемот со азербејџанските територии кои се под окупација на Ерменија.
Тој истакна дека не треба да се пропушти можноста што произлезе благодарение на спокојството постигнато на терен во Либија.
На разговорот преку видеоконференција помеѓу Ердоган и Меркел беа присутни и шефот на Турската национална разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан; шефот на Одделот за административни работи при турското Претседателство, Метин Киратли; шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, како и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.