ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, осврнувајќи се на Руско-украинската војна, рече дека ќе ги зголемат и продолжат напорите за ставање крај на оваа војна врз основа на територијалниот интегритет и независноста на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган имаше свое обраќање пред присутните на 77. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, САД.
Турскиот претседател нагласи дека овој состанок се одржува во период кога светот се обидува да води истовремена борба против повеќе закани.
Според него, најважната лекција добиена од пандемијата на коронавирусот е тоа дека меѓународната солидарност е важна во решавањето на глобалните проблеми.
Тој потсети дека Туркије за време на пандемијата обезбедила поддршка за 161 земја и 12 меѓународни организации без да прави каква било разлика, додавајќи дека домашната и националната вакцина ТУРКОВАК била понудена во служба на целото човештво.
Ердоган нагласи дека Туркије минатата година го одобрила Парискиот договор, кој, според него, е показател на важноста дадена на борбата против климатските промени.
Како што рече, глобалната економија која нанесе тежок удар поради пречките во синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата, претрпе нов бран шок поради Руско-украинската војна.
„Притисокот на инфлацијата предизвикана од зголемените цени на енергијата, храната и суровините, негативно влијае врз сите економии во светот и социјалната благосостојба“, нагласи Ердоган.
„Како Туркије, енергетското прашање отсекогаш го гледаме како поле за соработка, а не за конкуренција. Покрај за нашите потреби, реализиравме голем број проекти кои ја поддржуваат регионалната и глобална енергетска безбедност“, додаде тој.
Турскиот претседател рече дека овој процес под ризик ја ставил и безбедноста на храната.
Според него, не може да се објасни тоа што една петтина од светското население е на работ на глад и сиромаштија во 21 век кога финансиските и технолошките можности се на највисоко ниво.
„Единствениот пат, оваа темна слика со која се соочува човештвото да се осветли со светлото на надежта е зајакнување на меѓународната соработка и солидарност преку праведен пристап. Влеговме во период кога треба да се движиме со заедничка агенда против предизвиците кои влијаат врз нашата заедничка судбина“, истакна Ердоган.
Тој нагласи дека тие како Туркије, оваа волја е покажана и за време на пандемијата, процесите за климатските промени, и за време на борбата против потешкотиите предизвикани поради Руско-украинската војна.
Ердоган рече дека укажал на клучната улога на дијалогот и дипломатијата во решавање на настанатите кризи.
Благодарение на посредничкта улога која ја има Туркије, Ердоган нагласи дека страните првин ги обединиле во Дипломатскиот форум во Анталија, а потоа во Истанбул.
За време на своето обраќање, Ердоган покажа и една фотографија од преминот преку Босфорскиот Теснец на бродовите со жито од Украина.
„Како резултат на интензивните напори кои ги вложивме со Генералниот секретар [Гутереш], обезбедивме украинското жито преку Црното Море да стигне до светот. Поминаа две месеци од Договорот во Истанбул кој го овозможи тоа. Со задоволство го следиме тоа што испораката секој ден постигнува моментум. Овој договор кој има клучна важност во обезбедување на продолжувањето на снабдувањето со жито, е еден од најголемите успеси кои го постигнаа Обединетите нации. Со овој успех, повторно е обновена довербата кон ОН на оние кои очекуваат помош од меѓународната заедница кон ОН“, додаде тој.
Ердоган истакна дека сличен пристап може да се покаже и во врска со кризата во нуклеарната централа во Запорожје.
„Ќе ги зголемиме и продолжиме напорите за ставање крај на оваа војна која во последните денови е повторно актуализирана, врз основа на територијалниот интегритет и независноста на Украина“, рече Ердоган.
Тој упати апел до меѓународните организации и сите земји да дадат искрена поддршка за напорите на Туркије во врска со обезбедувањето на постојан мир, додавајќи дека треба заедно да најдат дипломатско, праведно, соодветно решение, со цел двете страни чесно да излезат од криза.
„Мора повторно да ги конфигурираме Обединетите нации како една организација која произведува решенија за поправеден светски поредок. Да се обезбеди Советот за безбедност да воведе една поефективна, демократска, транспарентна и отчетна структура, ќе претставува важна пресвртница во насоката на барање мир, правда и благосостојба за целото човештво. Со цел да не се заборави заедничката задача, на секоја платформа на најсилен начин ќе продолжиме да го подвлекуваме фактот дека „Светот е поголем од 5“ и „Поправеден свет е можен““, рече Ердоган, додавајќи дека ја очекуваат поддршката на сите земји членки во борбата која ја водат во оваа насока.
news_share_descriptionsubscription_contact
