Ömer Aydın,Zuhal Demirci
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе разговараат телефонски, јавува Anadolu Agency (AA).
„Господин Трамп сака да разговара со нашиот претседател", рече Чавушоглу пред новинарите во зградата на Амбасадата на Турција во Париз по состанокот со американскиот колега Рекс Тилерсон.
Истакна дека во текот на средбата со Тилерсон највеќе е разговарано за ситуацијата во Сирија.
Додаде дека повторно изразил загриженост поради оружјето кое е испратено на ПЈД/ПКК во Сирија.
Напомена дека Тилерсон повторил дека не пружаат поддршка на ЈПГ.
„Денеска нагласи дека не дале поддршка ЈПГ да влезе во некоја структура, вклучувајќи и политичка платформа. Рече дека утре двајцата претседатели ќе разговараат телефонски", изјави Чавушоглу.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.