Ali Kemal Akan
14 Ноември 2022•Ажурирај: 14 Ноември 2022
БАЛИ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, допатува во Бали, Индонезија, за да учествува на самитот на лидерите на Г-20, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на меѓународниот аеродром Бали Нгурах Раи, меѓу останатите, беше пречекан од индонезискиот министер за здравство Буди Гунади Садикин, гувернерот на Бали Вајан Костер и турскиот амбасадор Ахмет Џемил Мироглу.

Турскиот претседател е придружуван од сопругата Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за трезор и финансии Нуредин Небати, министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, портпаролот на Кабинетот на претседателот Ибрахим Калин, шефот на Одделот за одбранбена индустрија Исмаил Демир и портпаролот на АК Партијата Омер Челик.
Групата 20 ја сочинуваат 19-те најразвиени земји во светот и Европската унија.