Sefa Mutlu
26 Февруари 2022•Ажурирај: 27 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, објави дека телефонски разговарал со украинскиот претседател, Владимир Зеленски, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Канцеларијата за комуникации при Претседателството на Република Турција се наведува дека Ердоган и Зеленски разговарале за нападите на Русија врз Украина и за најновите случувања на тоа поле.
Ердоган во текот на разговорот изразил сочувство за граѓаните на Украина кои ги загубија животите во руските напади и им посакал брзо заздравување на ранетите.
Турскиот претседател порачал дека вложуваат напори да се прогласи примирје што е можно поскоро, со цел Украина да не претрпува понатамошни штети и да се спречи понатамошно губење животи.