Safiye Karabacak
05 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Пет Палестинци го загубија животот, а тројца се повредени во една експлозија која се случи во централниот дел на појасот Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ешреф Кудра, во писмено соопштение, нагласи дека во централниот дел на Газа се случи експлозија при што животот го загубија 5, а повредени се 3 лица.
Кудра нагласи дека загинатите и повредените се пренесени во болницата Шухеда ел-Акса која се наоѓа во градот Дејр ел-Белах во централниот дел на Газа.
Министерството за здравство не даде информации околу деталите и причинана на експлозијата.
Очевидците велат дека настаната е силна експлозија во регион помеѓу Дејр ел-Белах и Ез-Зевадије.