Emre Aytekin
05 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
ПЕКИНГ (АА) - Едно лице е спасено по 132 часа од под урнатините на шесткатна зграда во централниот град Чангша, во центарот на кинеската провинција Хунан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на кинеската новинска агенција „Синхуа“, жената која била спасена синоќа е 10-тото лице извлечено од урнатините.
Се нагласува дека жената, која по 132 часа беше извадена од зградата која се урна на 29 април, била свесна и способна да комуницира со спасувачите.
Спасувачите со довикување, удирање на металните конструкции во урнатините и со кучиња спасувачи се обидуваат да стигнат до 20-те луѓе кои се наоѓаат под урнатините.
Нема информации за 39 луѓе кои живеат околу зградата.
Досега од под урнатините извлечени се 10 преживеани лица и 5 безживотни тела.
Приведени се 9 лица, меѓу кои и сопственикот на зградата, со образложение дека тие се одговорни за уривањето на зградата.
Тројцата одговорни за проектирањето и изградбата на зградата се упатени во судот со барање за приведување од страна на обвинителите.
Од друга страна, претседателот Си Ѓинпинг нареди „по секоја цена да се спасат оние во зградата“ и „одговорните да бидат пронајдени и казнети“.