Islam Doğru
15 Јануари 2022•Ажурирај: 20 Јануари 2022
Еден лист од книгата за Спајдермен е продаден за 3,36 милиони долари на аукција во градот Далас во американската сојузна држава Тексас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Се работи за 25-тата страница на изданието од 1984 година на книгата за цртани филмови за Спајдермен.
Почетната цена била 330.000 долари, додека на првиот ден од аукцијата, листот беше продаден за повеќе од 3 милиони долари.
На истиот ден, еднo од најстарите изданија на книгата за Спајдермен беше продадено за 3,18 милиони долари.
Не е откриен идентитетот на купувачот.
Претходниот рекорд за вредноста на еден лист од книга за цртани филмови беше 657.250 долари, и беше од книгата „Неверојатниот Хулк“ („The Incredible Hulk“) од 1974 година.