Cansu Dikme
22 Јули 2017•Ажурирај: 23 Јули 2017
КАИРО (АА) - Египетските власти го повика Израел да ги намали тензиите кои се појавија по инсталацијата на детектори со метал на влезот на џамијата Ал Акса, соопштено е од Министерството за надворешни работи на Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Египет е крајно загрижен за несразмерната употреба на сила од страна на израелската полиција против Палестинците во Ерусалим и околу Ал Акса, се вели во соопштението.
Арапски унија ja осуди полицијата која користеше прекумерна сила и муниција за да ги растера незаштитените Палестинци.
Во соопштението се повикува меѓународната заедница да преземе одговорност и да го предупреди Израел да прекине такви активности и да ги почитува меѓународните одлуки во врска со статусот на Ерусалим.
Израелските безбедносни сили во понеделникот, по четири дена, ја укинаа забраната за влез во стариот град во Источен Ерусалим, но силните тензии во тој регион сеуште постојат.
За време на интервенцијата на израелската полиција во последните неколку дена беа повредени стотици Палестинци, а некои од нив се во критична состојба.
Локалното муслиманско население во комплексот Ал Акса не можеше да влезе од петокот до понеделникот, а израелските сили во неделата и на влезот во комплексот поставија дополнителни контролни пунктови со детектори за метал.
Локалните Палестинци протестираат поради тоа и одбиваат да влезат во комплексот, а молитвите ги извршуваат пред самиот објект.
Кризата во источен Ерусалим ескалираше во петокот наутро, кога израелските полицајци убија тројца Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, а сето тоа резултираше со масовно стампедо во коешто беа повредени неколку лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци кои починаа на пат кон болницата.
Израелската полиција потоа нареди да се затвори комплексот Ал Акса, а Палестинците за првпат по окупацијата од 1967 година, петочната молитва ја извршија надвор од ѕидините на Стариот Град.