свет

Европската Унија загрижена дека преговорите за иранската нуклеарна програма би можеле да пропаднат

„Можеби нема да ја видиме целната линија“, рече ЕУ амбасадорот Скуг на состанокот на СБОН каде што се разговараше за Договорот за иранската нуклеарна програма

Betül Yürük  | 01.07.2022 - Обновена : 02.07.2022
Европската Унија загрижена дека преговорите за иранската нуклеарна програма би можеле да пропаднат

ЊУЈОРК (АА) - Амбасадорот на Европската Унија (ЕУ) во Обединетите нации (ОН), Олоф Скуг, изјави дека е загрижен поради тоа што преговорите за иранската нуклеарна програма може да пропаднат, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Можеби нема да ја видиме целната линија“, рече Скуг на состанокот на Советот за безбедност на ОН каде што се разговараше за Договорот за иранската нуклеарна програма.

Скуг рече дека Договорот за иранската нуклеарна програма не е билатерално прашање меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран и дека страните во договорот донеле многу тешки политички одлуки.

Сепак, тој изрази загриженост дека разговорите може да пропаднат и ги повика сите да не ја пропуштат можноста за постигнување конечен договор.

Договорот за иранската нуклеарна програма официјално наречен Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), беше потпишан во 2015 година од Иран, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија, Германија и Европската Унија.

Според договорот, Техеран вети дека ќе ја ограничи својата нуклеарна активност на цивилни цели, а светските сили се согласија да се откажат од економските санкции кон Иран.

САД, под водство на поранешниот претседател Доналд Трамп, еднострано се повлекоа од договорот во 2018 година и воведоа санкции кон Иран, што го натера Техеран да престане да го почитува договорот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.