свет

Инфлацијата во 19 држави во еврозоната достигна рекордни 8,6 отсто

- Стапката на инфлација во еврозоната достигна рекордни 8,1 отсто во мај, во екот на наглиот раст на цените на енергентите и храната, покажуваат најновите податоци кои денеска ги објави Агенцијата за статистика на Европската Унија - Евростат

Associated Press  | 01.07.2022 - Обновена : 02.07.2022
Инфлацијата во 19 држави во еврозоната достигна рекордни 8,6 отсто Фото: Илустрација / АА

ЛОНДОН (АА) - Инфлацијата во 19 држави кои го користат еврото во јуни достигна рекордни 8,6 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).

Инфлацијата беше поттикната од силните зголемувања на трошоците за енергенти предизвикани делумно од руската војна во Украина. Исто така, и цените на храната растат секојдневно.

Стапката на инфлација во еврозоната достигна рекордни 8,1 отсто во мај, во екот на наглиот раст на цените на енергентите и храната, покажуваат најновите податоци кои денеска ги објави Агенцијата за статистика на Европската Унија - Евростат.

Инфлацијата во еврозоната сега е на највисоко ниво од 1997 година, кога започна да се води евиденција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın