Enes Canlı,Mahmut Geldi
17 Април 2022•Ажурирај: 18 Април 2022
АЛ-КУДС (АА) - Десетици екстремни еврејски доселеници, придружувани од израелската полиција, влегоа во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Десетици еврејски екстремисти, во придружба на полицијата, која ги растеруваше Палестинците по утринската молитва (сабах намаз), влегоа во Ал Акса.
Во соопштението на израелската полиција се наведува дека „стотици маскирани палестински младинци собирале камења“ пред еврејските доселеници да влезат во Ал Акса.
Се додава дека полицијата, за да го обезбеди влезот на еврејските доселеници, настојувала да ги оддалечи Палестинците од тоа подрачје.

Од друга страна, група која се засолнила во комплексот Ал Акса при утринскиот упад на израелската полиција, фрлала пиротехнички средства со цел да ја оддалечи полицијата. Израелската полиција возвратила со гумени куршуми.
Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека на влезот во Ал Акса, Есбат, повредени се девет лица, а четворица се хоспитализирани.
Израелските сили по утринската молитва влегоа во Ал Акса и насилно ги истераа Палестинците. Потоа, вратите на Ал Акса беа затворени за Палестинците.
Израелската полиција за време на упадот во Ал Акса физички нападна неколку Палестинци.