Halit Süleyman,Ayşe Aktaş,Levent Tok,Adham Kako
21 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Дел од конвојот во кој се наоѓаат лицата евакуирани од источен Алепо е насочен кон руралното подрачје на западниот дел на Алепо, откако помина 24 часа на контролната точка во Рашидин, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинар на АА кој се наоѓа во опколеното подрачје во Алепо, јавува дека 20 автобуси и 700 приватни автомобили тргнале кон руралното подрачје во западниот дел на Алепо, откако 24 часа поминале на контролната точка на режимските сили во Рашидин.
Освен тоа, четири автобуси тргнале од Фуа и Кефреја, кои се наоѓаат под опсада на опозициските сили. Овие луѓе се движат кон западниот дел на Алепо, кој е под контрола на режимските сили.
Во вечерните часови се очекува истовремено да бидат евакуирани лицата што се наоѓаат на подрачјата под опсада на опозицијата и под режимските сили.
На 15 декември тргна првиот конвој што од источниот дел на Алепо евакуираше цивили и припадници на опозицијата, а бројот на евакуирани жители на Алепо, до тргнувањето на последниот конвој, беше близу 40.000. Тие се пренесени до Идлиб, кој е под контрола на опозициските сили.
Завршуваат подготовките за евакуација на последниата група луѓе кои останаа во источен Алепо.
Според договорот, откако ќе заврши процесот на евакуација во источен Алепо, ќе започне евакуацијата на лицата од Мадаја и Забадани, во близина на Дамаск. Од споменатите подрачја, во Идлиб ќе бидат испратени 1.500 лица.
Терористичките групи, поддржувачи на режимот, во четвртокот и петокот ги нападнаа конвоите со евакуирани лица од источен Алепо. Загинаа вкупно 18 цивили. Групите што од почетокот се противат на евакуацијата и на прекинот на примирјето поставија услов да биде овозможена евакуација од Фуа и Кефреја.