Aykut Karadağ
21 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Во продолжение на офанзивата „Штитот на Еуфрат” турските вооружени сили на северниот дел на Сирија, со поддршка на опозициските сили, воспоставија контрола над патниот правец Ал Баб Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата „Штитот на Еуфрат” е започната на 24 август на северниот дел на Сирија за неутрализирање на терористичките закани со акцент на ДЕАШ, како и со цел јакнење на безбедноста во сириско турскиот пограничен појас. Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право на самоообрана ги поддржуваат и турските сили како и меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ.
На 120 ден од офанзивата, воспоставена е контрола над патниот правец Ал Баб-Алепо, по жестоките напади од воздух и копно, со поддршка на специјалните сили кои се состојат од опозициската војска, соопштено е од Генералштабот.
Авионите на воздушните сили на Република Турција извршија напади и неутрализираа вкупно 48 цели на терористичката организација ДЕАШ во регионот Ал Баб.
Турските војници неутрализираа и одредени количини на експлозив кои терористите на ДЕАШ ги поставија како замка на патиштата во регионот Ал Баб.
Од почетокот на офанзивата „Штитот на Еуфрат” до сега од терористите на ДЕАШ ослободени се најмалку 215 населени места кои во северниот пограничен појас на Сирија се простираат на површина од 2.000 километри квадратни.