Ikrame Imane Kouachi
04 Ноември 2023•Ажурирај: 05 Ноември 2023
АНКАРА (АА) - Десетици Палестинци се убиени и ранети вчера кога израелските сили во областа Ал Сафтави, северно од градот Газа, бомбардираа училиште во кое се наоѓаат илјадници раселени, објавија палестинските медиуми, пренесува Анадолу.
„Израелските окупаторски сили направија нов масакр бомбардирајќи го училиште Бин Заид, приклучена кон Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА), која им дава засолниште на илјадници раселени лица во областа Ал Сафтави, во северниот дел на Појасот Газа, што резултираше со десетици убиени и ранети“, објави палестинската новинска агенција ВАФА.
Повикувајќи се на локални извори, агенцијата објави дека во моментот на бомбардирањето, во училиштето имало илјадници раселени Палестинци.
Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници во Појасот Газа, кој се под немилосрдни напади по неочекуваната офанзива на Хамас на 7. октомври.
Во судирите меѓу Израел и Хамас убиени се повеќе од 10.700 луѓе, од кои најмалку 9.277 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.