Mohammad Sio
04 Јуни 2026•Ажурирано: 04 Јуни 2026
Девет Палестинци загинаа, а десетици се ранети, меѓу кои жени и деца, во истовремените израелски воздушни напади утринава, чија цел беа четири станбени згради во градот Газа, соопштија медицински извори, пренесува Анадолу.
Најновите напади се извршени во време кога Израел продолжува да го прекршува договорот за прекин на огнот, кој е на сила во Појасот Газа од 10 октомври 2025 година.
Девет тела и десетици ранети се пренесени во болницата Ал-Шифа, јави дописникот на Анадолу од местото на настанот, повикувајќи се на медицински извори.
Истите извори додаваат дека дел од телата на жртвите пристигнале распарчени, додека кај други биле видливи сериозни изгореници.
Во двегодишниот геноцид на Израел во Газа од октомври 2023 година убиени се речиси 73.000 Палестинци и повредени повеќе од 173.000, главно жени и деца, според палестинските податоци.
И покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година, израелската Армија уби 936 Палестинци и повреди 2.903 во секојдневните напади, соопшти Министерството за здравство во Газа.