Ahmed Asmar
25 Декември 2024•Ажурирај: 25 Декември 2024
ЕРУСАЛИМ (АА) - Девет Израелци се повредени додека трчале да се засолнат по ракетниот истрел од Јемен рано утринава, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.
Противвоздушната одбрана пресретна балистичка ракета истрелана од Јемен пред да влезе во израелскиот воздушен простор, објави израелскиот јавен сервис КАН.
Нападот ги активира сирените за воздушен напад во метрополитенската област Тел Авив, при што девет лица беа повредени додека трчаа кон засолниште, соопшти КАН.
Военото соопштение потврди дека проектил од Јемен бил пресретнат пред да влезе во израелскиот воздушен простор.
Немаше непосреден коментар од групата Хуси во Јемен за израелското тврдење.
Во понеделникот, јеменската група Хуси соопшти дека лансирала две борбени беспилотни летала кон воени цели во Јафа и Ашкелон во Израел.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата вети дека ќе дејствува против Хусите во Јемен.
Хусите ги гаѓаа израелските товарни бродови или оние поврзани со Тел Авив во Црвеното Море со проектили и беспилотни летала во знак на поддршка за Појасот Газа, каде што над 45.300 луѓе беа убиени во геноцидната војна на Израел од 7 октомври 2023 година.