Aybala Arpacı
09 Јуни 2016•Ажурирај: 10 Јуни 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот пратеник на ОН за Сирија ,Стафан де Мистура, на прес-конференцијата по состанокот нa рупата на ОН за хуманитарен пристап, истакна дека загрижува фактот дека силите на режимот го бомбардираат Дараја кој е под опсада, за време на месецот Рамазан нападната е џамија, a во Алепо е бомбардирана болница, јавува Anadolu Agency (AA).
Мистура истакна дека досега успеале да извршат дотур на хуманитарна помош до 270.250 лица во областа која е под опсада.
"Режимот дозволи во 19 области кои се под опсада да се изврши дотур на хуманитарна помош, но тоа не значи и овозможување на дотурот. Можно е во последен момент конвоите да бидат запрени, лековите да бидат извадени од конвојот и да настане недоразбирање околу количеството на хуманитарната помош и затоа е потребно да се преземат сите потребни чекори додека не се дојде до моментот на испорака", рече Мистура.
- „Условите не созреаа“
Во врска со одложените средби во Женева за Сирија, Сирија го рече следното:
„Сѐ уште не се созреани условите за започнување на третиот круг преговори за Сирија. Одлучни сме во одлуката дека тие треба да започнат што поскоро. Третиот круг на преговори треба да бидат конкретни и за да се добијат конкретни резултати, потребно е да им овозможиме максималми можности. За конкретни резултати потребна ни е конкретна политичка транзиција".
Во трериот круг на преговори се планира да подготвителни средби кои би биле технички дискусии на ниско ниво, изјави Мистура, и додаде дека 1-ви август продолжува да биде датум за политичка транзиција.
Мистура на прес-конференцијата на семејствата на загинатите во бомбашките напади во Турција им изрази сочуство.