Esat Fırat
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Двесте Палестинци приведени во израелските затвори започнаа штрајк со глад, со барање за подобрување на условите во затворите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Здружението на палестинските затвореници се истакнува дека по неуспехот на преговорите помеѓу Израелската управа за затвори и претставниците на затворениците, 200 палестински затвореници започнале штрајк со глад.
Се наведува дека затворениците бараат да се отстранат уредите за блокирање на сигналот во затворите, кои претставуваат закана за нивното здравје, и да се престане со кршењето на човековите права, што се спроведува врз палестинските жени затвореници во затворот „Дејмон“, северен Израел.
Претходно, Здружението на палестинските затвореници наведе дека во моментот 9 Палестинци што се наоѓаат во израелските затвори штрајкуваат со глад, во знак на протест против затворските услови и административниот притвор.
Според официјалните палестински извори, во израелските затвори има над 5.000 Палестинци, вклучувајќи околу 500 административни затвореници и 220 деца.