Muhammed Yasin Güngör
07 Февруари 2025•Ажурирај: 07 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Мал авион се урна на авенија во населбата Бара Фунда во Сао Пауло утринава, при што загинаа најмалку две лица, а две други беа повредени, според локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Авионот „Кинг ер Ф90“, кој може да превезува до осум патници, се урнал околу 7:20 часот по локално време и удрил во автобус, кој потоа се запалил, пренесува бразилската „Глобо њуз“.
Противпожарната служба извести дека во авионот биле пронајдени две јагленосани тела.
Мотоциклист кој минувал покрај местото бил повреден од остатоците, а возачот на автобусот, кој бил сам во возилото, исто така се здобил со повреди.
Очевидци опишуваат дека слушнале експлозија и виделе голем облак црн чад.
Авионот полетал од аеродромот Кампо де Марте околу 7:15 часот и бил на пат кон Порто Алегре на југоисток.
Полицијата и бразилската воздухопловна сила спроведуваат истрага за причините за несреќата и можните одговорности.