Ahmed Asmar
27 Август 2023•Ажурирај: 28 Август 2023
ИДЛИБ (АА) - Двајца цивили се убиени, а петмина се ранети во гранатирањето што го изведоа силтие на сирискиот режим во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, пренесува Анадолу.
Силите на режимот и сојузничките милиции го гранатираа градот Кансафру, соопштија извори од Агенцијата за цивилна одбрана (Бели шлемови).
Повредените се префрлени во локалните болници.
Туркије и Русија во септември 2018 година се договорија Идлиб да стане зона за деескалација, во која актите на агресија се строго забранети, меѓутоа силите на режимот на Асад и неговите сојузници, ги кршеа условите за примирје, изведувајќи чести напади во рамките на зоната.
Сирија е вплеткана во сурова граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар Ал Асад неочекувано изведе жестока акција против демократските протести.
Обединетите нации проценуваат дека стотици илјади луѓе се убиени, а над 10 милиони се раселени од почетокот на граѓанската војна во Сирија.