Qais Omar Darwesh Omar,Zeynep Tüfekci Gülay
27 Јануари 2025•Ажурирај: 29 Јануари 2025
РАМАЛА (АА) - Беспилотно летало на израелската армија погоди возило на окупираниот Западен Брег, при што загинаа две лица, а тројца се повредени, се вели во соопштението, известува Анадолу.
Според очевидци, израелско беспилотно летало гаѓало возило на улицата Наблус во близина на бегалскиот камп Нур Шамс во градот Тулкерим на Западниот Брег.
Палестинското Министерство за здравство издаде писмено соопштение во кое се наведува дека во нападот животот го загубиле две лица, а тројца се повредени.
Во соопштението се додава дека не е сериозна состојбата на повредените што се пренесени во државната болница во Тулкерим.