Ruslan Rehimov
04 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
БАКУ
Двајца азербејџански новинари загинаа како резултат на експлодирање на мина поставена во подрачјето на Келбеџер од страна на Ерменија за време на периодот на окупацијата, известува Агенција Анадолија (АА).
Автобусот во кои се наоѓале азербејџански новинари кои работеле во подрачјето на Келбеџер кое беше ослободено од ерменската окупација, помина врз мината поставена во подрачјето од страна на ерменските сили за време на окупацијата.
Како резултат на експлодирање на мината, животот го загубија Мехерем Ибрахимов, новинар на Државната новинска агенција на Азербејџан (AZERTAC), и Сираџ Абишов, снимател на Државната телевизија на Азербејџан (AZTV).
Исто така, во несреќата се повредени три лица, од кои еден вработен во АЗТВ.