Recep Şakar
19 Февруари 2020•Ажурирај: 21 Февруари 2020
МЕЛБУРН
Во близина на градот Мангалоре во австралиската сојузна држава Викторија дојде до судир на два мали авиона во воздух. По падот на авионите, во несреќата животот го загубија 4 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата на Викторија информираше дека во близина на градот Мангалоре, сместен северно од Мелбурн, од засега непознати причини дошло до судир на два мали авиона во воздух, во кои се наоѓале по две лица.
Несреќата се случила утрово во 11:25 часот по локално време, источно од аеродромот „Мангалоре“, при што во несреќата животот го загубиле 4 лица.
Полицијата на Викторија соопшти дека е започната истрага во врска со несреќата, додавајќи дека засега не е одреден идентитетот на починатите. За несреќата се известени и претставниците на безбедноста на австралиското Цивилно воздухопловство.