свет

Два американски бомбардери преку Израел се упатија кон Персискиот Залив

„Ова е петти пат во последните месеци ваков тип американски авиони да се видат како поминуваат над регионот“

Ekipa  | 17.01.2021 - Обновена : 18.01.2021
Два американски бомбардери преку Израел се упатија кон Персискиот Залив

ЕРУСАЛИМ (АА) - Два американски бомбардери „Боинг Б-52 Стратофортрес“ се забележани денес како прелетуваат над Израел движејќи се кон Персискиот Залив, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Ова е петти пат во последните месеци ваков тип американски авиони да се видат како поминуваат над регионот“, пишува израелскиот весник „Једиот ахронот“, без да наведе повеќе детали.

На 7 јануари весникот објави дека два бомбардери Б-52, што имаат капацитет да носат нуклеарни бомби, придружувани од американски ловци Ф-16, четири пати за два месеци го надлетале Израел.

Еден ден подоцна, саудиското Министерство за одбрана објави видеоснимка на која се гледа како Саудиското кралско воено воздухопловство и Американското воено воздухопловство изведуваат заедничка вежба со учество на саудиските воени авиони Ф-15, американските бомбардери Б-52 и на воените авиони Ф-16.

Минатиот месец, два бомбардера Б-52 прелетаа над израелскиот воздушен простор како дел од американското покажување сила против Иран, по третпат во период од месец и половина.

Тензиите помеѓу САД и Иран се зголемија по убиството на иранскиот научник Мохсен Фахризаде во Техеран, во ноември, што беше дел од тимот на иранската нуклеарна програма. Иранскиот претседател Хасан Рохани го обвини Израел за убиството на научникот и вети силна одмазда.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.