Gökhan Kavak
18 Јануари 2021•Ажурирај: 19 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 3 милиони и 278 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 3.278.299.
Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 79.011.
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 2.688.882 лица.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19, како и откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Мароко, Тунис и Египет.