свет

Бројот на смртни случаи во земјотресот во Индонезија се искачи на 81

Националната агенција за управување со катастрофи објави дека телата на осум лица биле пронајдени за време на операциите за пребарување и спасување.

Dilara Hamit  | 18.01.2021 - Обновена : 19.01.2021
Бројот на смртни случаи во земјотресот во Индонезија се искачи на 81

ЏАКАРТА

Бројот на починати во силниот земјотрес што го погоди индонезискиот остров Сулавеси на 15 јануари се искачи на 81, соопшти Агенцијата за катастрофи на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Националната агенција за управување со катастрофи објави дека телата на осум лица биле пронајдени за време на операциите за пребарување и спасување.

Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар шест километри североисточно од градот Маџене, на длабочина од 10 километри загинаа вкупно 70 лица во Мамуџу и 11 во Маџене.

Властите во саботата објавија дека 253 сериозно повредени лица се лекувани во болниците во регионот и дека бројот на евакуирани во безбедни области изнесува приближно 28.000.

Неколку згради беа тешко оштетени, вклучувајќи ја канцеларијата на гувернерот на Западен Сулавеси, болницата во Мамуџу и минимаркет.

Силниот земјотрес предизвика и прекини на електричната енергија и телефонските услуги и лизгање на земјиштето покрај патиштата.

Земјотресите редовно се случуваат во делови од Индонезија бидејќи земјата лежи на појасот Циркум-Пацифик, познат и како Огнен прстен.

На 23 февруари 1969 година, силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го потресе Маџене, при што загинаа 64 лица, а ранети беа 96.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın