политика, Балкан

Даштевски: „Гласањето досега се одвива мирно на сите гласачки места“

- Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, на заедничка прес-конференција со потпретседателката Дитмире Шеху изнесе информации околу излезеноста и текот на гласањето

Abdula Berisha  | 24.04.2024 - Обновена : 24.04.2024
Даштевски: „Гласањето досега се одвива мирно на сите гласачки места“ Фото: Абдула Бериша - АА

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) на Северна Македонија, Александар Даштевски, изјави дека гласањето се одвива мирно на сите гласачки места, јавува Анадолу.

Во Северна Македонија денес се одржува првиот круг гласање за претседателските избори.

Гласачките кутии низ земјата се отворија во 7:00 часот на 3.480 избирачки места, а гласањето ќе трае до 19:00 часот.

На седмите претседателски избори, право на глас имаат 1.814.317 гласачи кои можат да изберат еден од седумте претседателски кандидати.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, на прес-конференција заедно со потпретседателката Дитмире Шеху даде информации за излезеноста и текот на гласањето.

„Гласањето досега се одвива мирно на сите гласачки места. Значи, сега споредбата со 2019 точно е 6 отсто, поголема од 2019. До овој момент во ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право”, рече Даштевски.

Според податоците од страницата на Државната изборна комисија, од обработени над 97 проценти од избирачките места, излезеноста до 13:00 часот е речиси 25 проценти, односно до 13:00 часот своето право на глас го искористиле над 438.000 граѓани, од вкупно 1.814.317 избирачи.

Според податоците, излезеноста е најголема во Општина Новаци, 42,87 проценти, а најмала во Центар Жупа, 9,12 проценти.

Според законите, во првиот круг гласање се прогласува победник само доколку некој од кандидатите освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи.

Доколку во првиот круг гласање не се прогласи победник, вториот круг е предвиден да се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните избори во Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.