свет

Данска ги префрла бегалските кампови во странство

Данскиот Парламент го одобри Нацрт-законот со кој Данска може да прифати бегалци во камповите изградени надвор од Европа

Davut Çolak  | 03.06.2021 - Обновена : 07.06.2021
Данска ги префрла бегалските кампови во странство

КОПЕНХАГЕН (АА) - Данскиот Парламент го одобри Нацрт-законот со кој Данска може да прифати бегалци во камповите изградени надвор од Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Предлог-законот беше изгласан денеска во Парламентот со поддршка на Социјалдемократската партија, која ја формираше Владата, како и на десничарските и крајно десничарските партии.

За усвојување на Нацрт-законот гласаа 70 пратеници, додека 24 пратеници беа против.

Според законот, данската Влада, барателите на азил од Данска ќе ги задржи во бегалските кампови во странство сѐ додека не се расчисти нивната состојба.

Исто така, во овие кампови ќе се испраќаат оние кои ќе дојдат во Данска како баратели на азил и чии барања нема да бидат прифатени.

Данскиот министер за имиграција, Матијас Тесфаје, минатиот месец рече дека Данска ќе формира кампови за прием на бегалци и надвор од Европа.

Тесфаје, истакнувајќи дека неколку земји позитивно гледаат на идејата на Данска, рече дека реализирале посета на Руанда во април.

За време на посетата потпишани се два договори за бегалците меѓу Данска и Руанда.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.