АНКАРА (АА) - Со порастот на бројот на бегалците во светот, и со тоа што некои европски земји не ги прифаќаат, бегалските кампови во целиот свет се соочуваат со сѐ повеќе проблеми, јавува Anadolu Agency (AA).
Дадаб во Кенија се смета за најголемиот бегалски камп во светот, а во него живеат повеќе од 600.000 бегалци од Сомалија и од Јужен Судан. Сепак, во последно време се појавија гласови дека кампот може да се затвори.

Припадници на организацијата Ал-Шабаб, која дејствува во африканските земји, во нападот во 2013 година, во еден трговски центар во Најроби усмртија 67 лица. Во април 2015 година, извршија напад на универзитет во северниот дел на земјата, при што загинаа 140 студенти. Владата на Кенија соопшти дека планира да го затвори кампот Дадаб поради наводите дека во него живеат припадници на наведената терористичка организација. Бројни организации за заштита на човековите права, како и УНХЦР бараа уште еднаш да се размисли за ваквата одлука.
Владата на Кенија во ноември 2016 година го одложи затворањето на кампот за шест месеци и соопшти дека тој процес ќе започне во мај. И покрај тоа што веќе е месец јуни, сѐ уште ги нема најавените промени.
- Бегалските кампови за Палестинците, дополнително болно сеќавање на Накба -
По прогласувањето на независноста на Израел на 15 мај 1948 година на палестинска територија, Израел окупираше 85 отсто од палестинските територии, а Палестинците овој ден го нарекуваат Накба и го одбележуваат како почетокот на катастрофата којашто трае, односно како систематски прогон, во којшто близу милиони, односно 67 отсто од Палестинци се протерани.
Во Газа, која е едно од засолништата на многутемина раселени Палестинци, има осум бегалски кампа.
Во бегалскиот камп Џибалиа, во северниот дел на Појасот Газа живеат 108.000 Палестинци.
Голем број бегалци се населија во соседните земји. Според Обединетите нации (ОН) во Либан има околу 450.000 регистрирани бегалци.
- Сирија -
Поради војната во Сирија, која трае од 2011 година, милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и да побараат заштита преку границата. Во извештајот на УНХЦР од јануари покажува дека во Турција има 2,9 милиони бегалци, а во Египет, Ирак, Либан и во Joрдан има околу два милиона Сиријци.
Kерем Киник, директор на турската Црвена полумесечина, во март минатата година изјави дека во Турција има 22 бегалски кампа.
Во Јордан, кој со Сирија ја дели границата од 375 километри, живеат 1,3 милиони бегалци од Сирија. Од нив, 618.000 се регистрирани во УНХЦР.
Дури 88 проценти од населението од градот Maфрак го сочинуваат бегалци од Сирија.
Во Јордан има пет кампа во коишто се сместени бегалци од Сирија. Кампот Затери, кој се смета за најголем на јорданската граница, го посети и тимот на АА во 2014 година. Тогаш беше кажано дека кампот стана сириски град во Јордан.
Повеќето од бегалците кои се сместени во кампот се деца, па затоа може да се забележат голем број основни училишта. Сепак, големата консентрација на луѓе носи зголемување на ризикот од зараза, поради што има поголем број болници и други медицински центри.
„Според меѓународните статистички податоци, околу 24 отсто од децата кои работат во бегалскиот камп Затери не добиваат надомест. Покрај тоа, околу 15 проценти од нив на работното место стануваат жртви на насилство или злоупотреба“, се вели во извештајот.
Во кампот за бегалци Рекбан, на границата со Сирија живеат повеќе од 85.000 бегалци кои чекаат да влезат во Јордан.
- Нивните проблеми не завршуваат ни во татковината, ниту во соседните земји -
Рохинџа муслиманите во Мјанмар претставуваат апатридно малцинство без основни права. Според официјалните податоци и извештаите на Обединетите нации, Рохинџа муслиманите се најранливото малцинство во светот.
Угнетувањето на Рохинџа во Мјанмар, поранешна Бурма, трае со децении, а последниот голем бран напади од будистистите се случи пред неколку години.
Џон Гинг, шеф на операциите во канцеларијата за координација на хуманитарните прашања на Обединетите нации (ОН), во март 2016 година рече дека муслиманите од Aракан се обидуваат да преживеат во многу лоши услови во камповите и ги повика властите на Мјанмар и меѓународната заедница да го решат овој проблем.
Во два кампа на ОН на границата помеѓу Бангладеш и Мјанмар, од 1992 година живеат околу 32.000 регистрирани муслимани од Aракан. Голем дел од нерегистрираните бегалци, кои ги има меѓу 200.000 и 400.000, живеат во бараки во околните кампови, а некои од нив живеат на бреговите на југ.
Бангладеш претходно најави дека овие муслимани ќе ги смести на островот Tенгар Чар, во Бенгалскиот Залив, до кој може да се дојде единствено со пловно средство.