Betül Yürük
16 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, истакна дека е исклучително загрижен од зголемувањето на судирите во сирискиот град Идлиб, и упати апел до сите страни за продолжување на примирјето во Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гутереш во писмено соопштение укажа на зголемувањето на судирите во последните недели во Идлиб, и на тоа што илјадници лица во североисточниот и северозападниот дел на Сирија живеат во страв поради нова катастрофа.
Потсетувајќи дека војната во Сирија влегува во деветтата година, Гутереш упати итен апел до сите страни.
Гутереш истакна дека сите страни треба да ги исполнат ветувањата, со цел да се продолжи примирјето во Идлиб.
„Потребно е примирје во Идлиб, со цел да има примирје во земјата“, додаде тој.
Гутереш нагласи дека во војната најголема цена платиле невините цивили, од кои повеќето жени и деца.
Тој рече дека 11,7 милиони лица во Сирија имаат потреба од заштита и помош, и дека постои потреба од силна меѓународна поддршка, со цел да се постигне сериозен напредок во насока на наоѓање политичко решение за кризата.