Tevfik Durul
04 Јуни 2021•Ажурирај: 04 Јуни 2021
АТИНА
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, изрази незадоволство поради одлуката на Германија да не ја покани Грција на претстојната Конференција за Либија во Берлин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Никос Дендиас на социјалната мрежа Твитер напиша дека одржал телефонски разговор со Јан Кубис, специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Либија, нагласувајќи дека Атина е незадоволна од тоа што не добила покана.
Дендиас исто така дискутираше и за прашањето за либиските бегалци и соработката со ОН во однос на ова прашање.
Втората Конференција за Либија во Берлин се очекува да биде закажана на 23 јуни, со главен фокус на генералните избори и отстранувањето на странските сили од земјата која е исцрпена од војна.