Elvir Hociç
28 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
МОСКВА (АА) - Голем број луѓе ја посетуваат концертната сала „Александров“ и со палење свеќи и положување свежо цвеќе им оддаваат почит на жртвите од неодамнешната авионска несреќа што се случи кога авионот Ту-154 се урна во Црното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Концертната сала „Александров“ е дом на истоимениот воен оркестар, чии членови загинаа во падот на авионот Ту-154 на 25 декември.
Граѓаните од цела Русија доаѓаат пред салата и им одаваат почит на жртвите.
Авионот „Туполев 154“ се урна на пат од Сочи кон сирискиот град Латакија, каде што хорот „Александров“ требаше да одржи концерт во руската воена база „Хмејмим“.
Во несреќа загинаа 92 лица, а во тек е истрагата за причините за несреќата.