Betül Yürük
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (ICC), Карим Кан, истакна дека Русија не одговорила на известувањата за наводните воени злосторства во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Неформалната седница на Советот за безбедност на ОН, позната како „arria formula“, се одржа на барање на Франција и Албанија за справување со злосторствата извршени во Украина.
Говорејќи на седницата, главниот обвинител на Судот, Карим Кан, нагласи дека до Меѓународниот кривичен суд, 43 земји испратиле наводи за воените злосторства во Украина.
„Испратив три известувања до Русија, но не добив одговор. Ќе продолжам со обидите... Немаме никаква агенда или пак политичка агенда, освен да стигнеме до вистината“, рече Кан.