свет

Германскиот министер Хеико Мас ќе го посети Иран

„Го знаете нашиот став, се обидуваме да го oдржиме нуклеарниот договор жив, затоа што веруваме дека тоа е добар договор“, изјави Маас

Ayhan Şimşek  | 07.06.2019 - Обновена : 09.06.2019
Германскиот министер Хеико Мас ќе го посети Иран

БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, наредната недела ќе го посети Иран заради преговори за регионалните прашања и имплементација на нуклеарниот договор од 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи на прес-конференцијата во Берлин, Марија Адебар изјави дека Мас ќе патува во Техеран во понеделник, како дел од турнејата низ Блискиот Исток.

„Го знаете нашиот став, се обидуваме да го oдржиме нуклеарниот договор жив, затоа што веруваме дека тоа е добар договор“, изјави Маас, додавајќи дека неговата посета била координирана со други големи европски сили, Франција и Велика Британија.

За време на официјална посета на Техеран, Мас треба да се состане со неговиот ирански колега, Џавад Зариф, и со други високи официјални претставници.

И покрај кампањата на американскиот претседател, Доналд Трамп, за максимален притисок врз Иран со новите санкции, Германија, Франција и Велика Британија продолжуваат да го поддржуваат нуклеарниот договор со Техеран од 2015 година.

Договорот предвидува укинување на економските санкции наметнати врз Иран, во замена Техеран, да ја ограничи својата нуклеарна активност.

Претходно овој месец, Иран остро ги критикуваше светските сили за неисполнување на нивните ветувања и се закани дека ќе ги напушти дел од нуклеарниот договор.

Нуклеарниот договор, исто така познат како Заеднички сеопфатен акционен план (JCPOA), е потпишан меѓу Иран и големите светски сили Кина, Русија, Франција, Обединетото Кралство, САД и Германија.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во мај ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран, тврдејќи дека Иран води тајна програма за создавање нуклеарно оружје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın