Cüneyt Karadağ
17 Декември 2019•Ажурирај: 18 Декември 2019
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Хаико Мас, истакна дека нема бегалска криза, туку криза во меѓународната солидарност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хаико Мас во својот говор на 1. Глобален форум за бегалци што се одржува во Женева, нагласи: „Не, нема бегалска криза. Постои криза во меѓународната солидарност.“
Германскиот министер за надворешни работи истакна дека товарот на бегалците треба да се префрли подеднакво на повеќе раменици и дека треба да се понудат перспективи за да можат тие да заработуваат за својот живот.
Посочувајќи дека само 20 проценти од земјите прифаќаат бегалци, Мас рече дека 9 од секои 10 земји што прифаќаат бегалци се со ниски приходи.
„Во последниве години, и големите земји и економски силните земји имаат тешкотии да прифатат бегалци“, рече Мас, додавајќи дека треба да се сподели товарот.
Германскиот министер нагласи дека Германија е втора по големина земја донатор за бегалците и дека и во наредните години ќе продолжи да ја презема одговорноста.