Ekipa
17 Јануари 2023•Ажурирај: 19 Јануари 2023
ТЕХЕРАН (АА) – Германски државјанин е уапсен од иранските безбедносни агенции затоа што фотографирал нафтено поле во југозападната провинција Кузестан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Џам-е џам“, поврзан со државната телевизија, денес објави дека германскиот државјанин бил уапсен додека фотографирал на нафтеното поле „Агаџари“ во градот Омидија.
Во Омидија, во иранската провинција Хузестан богата со нафта, која граничи со Ирак, е лоцирано нафтеното поле „Агаџари“, со кое работи државната Национална иранска нафтена компанија (NIOC).
Стратешкото нафтено поле е откриено во 1938 година, а производството e започнато две години подоцна. Познато е дека има докажани резерви од околу 30 милиони барели нафта со дневно производство што се проценува на околу 300.000 барели.
Весникот не даде дополнителни информации за идентитетот на германскиот државјанин и околностите под кои тој бил уапсен.
Сепак, истакнато е дека некои странски државјани, меѓу кои и Германци, се уапсени во последните месеци воо текот на протестите.
Иран беше зафатен од големи протести по смртта на Махса Амини, 22-годишна девојка, додека беше во полициски притвор во средината на септември. Многу западни земји ја осудија, како што ја нарекоа, „репресијата“ на антивладините протести.
Иран ги обвини западните земји, меѓу кои и Германија, дека поттикнуваат „бунтовници“ и нестабилност во земјата.
Претходно овој месец, иранското правосудство осуди белгиски државјанин на 40 години затвор и 74 удари со камшик по четири обвиненија, меѓу кои и за шпионажа и финансиски криминал.
Минатата недела, иранско-британскиот државјанин и поранешен заменик-министер за одбрана, Алиреза Акбари, беше погубен под обвинение дека шпионира за британската разузнавачка агенција МИ6.