Büşra Selvi Öğütcen
15 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Во Германија се украдени 22 тони чоколадо, а полицијата работи на расветлување на случајот, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Мартин Алих, изјави дека за време на викендот во Нојштат била украдена приколка во која се наоѓало чоколадото.
Алих изјави дека меѓу украденото чоколадо има и производи од светски познати брендови, а вредноста на пленот е меѓу 50.000 и 70.000 евра.
Тој додаде оти претпоставуваат дека крадците слаткиот плен го пренеле со камион, а полицијата работи на приведување на сторителите.
Според неговите зборови, сѐ уште не е јасно дали крадците целеле на чоколадото или на приколката.